еМагазин
Image default
Бизнис

Пад на извозот од 12,8 и на увозот од 11,5%

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 287.004 милиони денари и бележи пад од 12,8 проценти во однос на истиот период од претходната година, додека вредноста на увезената стока, во периодот  јануари – октомври 2020 година, изнесува 376.503 милиони денари, што е за 11,5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 89.499 милиони денари, додека покриеноста на увозот со извоз за овој перид изнесува 76,2 проценти.

– Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, се вели во соопштението од ДЗС.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена во периодот јануари – октомври 2020 година земјата најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

– Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 4.653 милиони евра и бележи пад од 13 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.105 милиони евра, што е за 11,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1.451 милиони евра, информираат од Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 5.285 милиони американски долари и бележи пад од 11,9 проценти во однос на истиот период од претходната година, додека вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.921 милиони американски долари, што е за 10,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1.635 милиони американски долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Супертрејд“ го доби тендерот на општина Ѓорче Петров за набавка на масло за горење вреден 11,5 милиони денари

Редакција

„Еуровиа“ од Желино го доби тендерот на Министерството за здравство за изградба на Поликлиника Сарај вреден милион евра

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во декември

Редакција