Полицаец oд Пробиштип кој вршел контрола е помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Колега полицаец загина во пожарот во кочанската дискотека при вршење контрола за наркотици и недозволени психотропни супстанци.
Овој полицаец требало да биде награден за најдобар полицаец за територијата Пробиштип. Загина при вршење на контрола за евентуално откривање дрога и малолетници,“ рече тој.
Кочанската дискотека била дел од увидите вршени во Скопје, Велес, Штип и Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По четворица лица е распишана централна потерница, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани
Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155
(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете