еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицаец не го казнил братот на градоначалникот на Гази Баба кој возел пребрзо, а казнил друго лице кое нема врска со настанот

Полициски службеник пред девет дена наредил да не биде казнет Д.С., братот на градоначалникот на скопска Гази Баба, Бобан Стефковски, кој возел 88 километри на час, наместо дозволените 50.

Наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок.

Откако информацијата заврши во медиумите, а од опозициската СДСМ објавија и видео, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за телевизијата Сител најави кривична одговорност за службеникот.

Службеникот според Тошковски направил два прекршоци. Постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил братот на градоначалникот да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена, а вториот прекршок е што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за внaтрешни работи, со што сторил кривично дело.

Братот пак на градоначалник вчера, според Тошковски, сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ во Скопје и му била изречена прекршочна парична казна од 300 евра. Ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.

Фото: МВР/видео: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од половина од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај

Редакција

Ќе биде ли исклучена Алијанса за Албанците на Таравари од коалицијата „Вреди“

Редакција

(ВИДЕО) Евровизија: И жирито и публиката од Македонија со 12 поени за Србија

Редакција