По Промедика и М.Г. Фешен и најголемиот акционер во Македонијатурист АД Скопје, Скопски пазар АД Скопје, кој поседува 19,76% од акциите на угостителското друштво, предложи кандидат за член на Надзорниот одбор (НО) на Македонијатурист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загревање за нова „битка“ во Македонијатурист преку избор на нов Надзорен одбор
Од таму го предлагаат единствено Марјан Ѓорчев за независен член, кој е дипломиран економист.
Станува збор за порнешниот македонски амбасадор во Бугарија, а во неговата биографија, објавена преку Македонската берза, се наведени и неговите функции како поранешен генерален директор на Млекарница АД Скопје, поранешен генерален директор на скопско Братство и Единство, поранешен градоначалник на скопските општини Аеродром и Кисела Вода, поранешен директор на Агенцијата за приватизација, поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, поранешен пратеник…
Во НО на Македонијатурист моментално се Доне Таневски, кој е претседател, Верица Хаџивасилева Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски.
Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Промедика предложи кандидати за НО на Македонијатурист
М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив
Фото: ТВ 24