еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почитувањето на одлуките од ЕСЧП не е билатерално прашање, туку меѓународна обврска, и порачаа на Бугарија од македонското МНР

Почитувањето и спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур не се билатерални прашања, туку задолжителна обврска на секоја земја членка на Советот на Европа, реагираа од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), откако бугарското МНР, спроведувањето на истите си го протумачи како мешање во нејзините внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Бугарија не било мешање во внатрешните работи на Македонија промената на македонскиот Устав.

„Република Северна Македонија останува целосно посветена на владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи како темелни вредности на европската интеграција и не може да прифати нивно негирање или релативизирање, вклучително и кога станува збор за правата на припадниците на македонското малцинство во Република Бугарија“, велат од македонското МНР и нагласуваат дека земјава е максимално посветена на процесот на европска интеграција, процес кој, како што наведуваат, не треба да биде злоупотребен со воведување на дополнителни политички услови кои не се дел од Копенхашките критериуми.

Во оваа смисла, од таму посочуваат дека политиката на условувања и неосновани обвинувања е непринципиелна пречка на евроинтегративниот пат на земјава и наместо градење добрососедски односи, создава непотребни тензии.

„Во оваа прилика силно се залагаме за развивање на пријателските односи меѓу двете држави и за решавање на сите отворени прашања преку рамноправен дијалог, одговорно однесување, заемна почит и разбирање.

Очекуваме еднакво конструктивен пристап и од страна на Бугарија, заснован на целосно почитување на целите и принципите на Повелбата на ОН и правилата на меѓународното право, затоа што тоа е во интерес на нашите граѓани, во интерес на двете земји и во прилог на зацврстување на регионалниот мир, стабилност, безбедност и заедничката европска перспектива“, велат од македонското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една независна држава, тогаш навистина не знам што е, вели Мицкоси за реакцијата на бугарското МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Арно викаа дрога ставаат во бананите„: Твитер реакции за заплениот кокаин во Крушопек

Редакција

Зошто е битно да се открие ракот на бели дробови во рана фаза?

Редакција

(Фото) И Фејсбук на вашите профили ќе Ве потсети дека е ден за гласање

Редакција