еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Предизвик со парацетамол на ТикТок, ќе стигне ли и во Македонија?

Нов вознемирувачки предизвик на ТикТок. Млади корисници се предизвикуваат меѓусебно да земаат високи дози на парацетамол.

Предупредувања за новиот предизвик веќе има во Швајцарија и Белгија, каде здравствените власти го вклучија алармот.

Аптеките се повикани да бидат повнимателни при продажбата на овој лек, а населението е предупредено на ризиците, кои може да бидат и фатални.

Во Македонија предупредување стигна од доктор Нико Беќаровски, кој на Фејсбук предупреди дека овој тренд може да има фатални последици, дури и при медицинска интервенција.

„Труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози од 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб, додека внесувањето на 20-40 таблети може да доведе до сериозни труења, а над 50 таблети често завршуваат фатално,“ пишува тој на Фејсбук и апелира до родителите да внимаваат на своите деца и да разговараат со нив за опасностите од ваквите предизвици.

Доколку се случи труење, важно е да се реагира веднаш.

Парацетамолот е еден од најчесто користените лекови против болки во светот. Активната состојка е содржана во бројни лекови како што се Парацетамол-Мефа, Дафалган, Панадол, Неоцитран, Алгифор и други.

Токсичноста на активната состојка може да доведе до тешка хепатална инсуфициенција доколку се користи неправилно и може да биде дури и фатална во случај на предозирање.

Првите знаци на труење може да се појават дури 24 до 48 часа по ингестијата. Знаците на труење вклучуваат абдоминална болка, гадење, проблеми со координацијата и жолта кожа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Токсикологија нема пациенти кои учествувале во ТикТок предизвикот со парацетамол

Парацетамолот не е безопасен: Може да го оштети црниот дроб и да предизвика зависност

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ковачевски со сопругата Елена се сретнаа со истакнати нашинци во Македонскиот културен центар во Њујорк

Редакција

ПОРТРЕТ: Мила Царовска, од активиска до вицепремиерка за економски прашања

Редакција

Грчкиот министер Никос Папас задоволен од виното, мезето и музиката во Северна Македонија

Редакција