еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предистрага за финансиското работење на болницата во Прилеп

За финансиското работење на општата болница со проширена надлежност од Прилеп, Основното јавно обвинителство (ОЈО) заедно со Управата за финансиско работење оформи предмет кој е во фаза на предистрага и засега не се открива колку лица точно лица се осомничени и за што.

Вчера како што информираа од Обвинителството беа извршени претреси на осум локации во Прилеп.

„По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата.

Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена документација. Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази.

Сега документацијата ќе се анализира“, вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски, пренесе државната агенција МИА.

Претресите и предистражната постапка се поради сомневања за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување во врска со финансиското работење на болницата, а се анализира документацијата од 2020 година до денеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инцидент во гостиварско Ѓурѓевиште: Пукал во соселани кои се враќале од погреб, едно лице полесно повредено

Редакција

Нови 129 случаи на Ковид-19 од 854 тестирања

Редакција

Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите, ако не УНЕСКО ќе го стави на листата на загрозени подрачја

Редакција