еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предложив да пишува „РС Македонија“, вели Силјановска Давкова за венецот без името на државата кој го положи на гробот на Св. Кирил

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова денеска даде објаснување зошто на венецот кој го положи на гробот на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим го немаше името на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Венецот на спомен-плочата на Св.Кирил во Рим без името на државата

Таа дала предлог на истиот да пишува „РС Македонија“, ама на крај на венецот го пишуваше само нејзиното име.

„Тие лентите не се големи, разговаравме во Кабинетот, имавме различни мислења, на пример јас мислев дека може „РС Македонија“. Немаше простор, и на крајот рековме дека јас сум на чело на делегацијата, да биде некое решение.

Знам дека може да има забелешки, ги разбирам – логични се. Македонија ја претставувавме таму. Но, во време, по мојот говор и избегнувањето на официјалното име и определувањето за името Македонија како слобода на изразување на мислата, се одлучивме на ова решение.

Мислам дека тоа не е проблем и негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, изјави Силјановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали и тоа што не отворивме ни едно поглавје со ЕУ е отстапување од Договорот од Преспа, прашува претседателката Силјановска Давкова

Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитувам, изјави Силјановска Давкова

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Распишана национална потерница за Никола Груевски

Редакција

Доколку не се изгласа недоверба на Владата, наредните три месеци не може повторно да се гласа, вели Џафери

Редакција

Заев го тужи новинарот Божиновски за клевета

Редакција