еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Поранешниот австриски канцелар Курц обвинет за лажно сведочење пред Парламентот

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење пред Парламентот, соопшти Обвинителството за економски криминал и корупција (WKStA).

Курц и неговиот поранешен шеф на кабинет, Бернхард Бонели, „се обвинети за лажно сведочење пред таканаречениот истражен комитет „Ибица“ на австрискиот Парламент поврзано со наводната корупција на неговата влада“, соопшти Обвинителството.

Судењето ќе почне на 18 октомври, а доколку биде прогласен за виновен, на Курц му се закануваат три години затвор, соопшти судот во Виена.

Конзервативниот политичар ја напушти функцијата во 2021 година, откако обвинителите почнаа да го испитуваат него и девет други под сомнение за злоупотреба на довербата, корупција и поткуп со различно ниво на вмешаност.

МИА/Фото: Фејсбук/Курц

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли избори: Во четврток лидерска средба за справување со корона вирусот

Редакција

(Видео) МВР откри „шума“ со марихуана во Демир Капија: Стебла високи до 4 метри

Редакција

Ќе трае до 20 април: Од утре полициски час од 20 часот

Редакција