еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

И вечерва кино на отворено и музичка забава во Градскиот парк во Скопје

И денеска во Градскиот парк во Скопје ќе има бесплатно филмско-музичко дружење.

Настанот ќе се случи кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк.

Забавната програма почнува во 20:30 часот со проекцијата на филмот „Хомо“ („Only human“) во режија на Игор Иванов. Потоа следува музичкиот дел со настапите на Мирко Попов од 22 часот и сетот на Виолета Качакова од 23:30 часот.

-Ова филмско-музичко дружење за првпат се одржа минатата сабота во организација на Град Скопје, МКЦ и Универзална сала, а по повод Меѓународниот ден на младите и ќе продолжи да се организира секоја сабота до средината на септември.

Посетителите ќе имаат одлична можност за дружење на отворено и забава во топлите летни вечери во омилената дестинација за скопјани, Градскиот парк, велат од Град Скопје.

Настанот е збогатување на културната понуда на Градот Скопје за своите граѓани и за сите посетители во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Воспитните мерки“ на Мика Алексиќ: Тој ги срамеше децата во емисија на телевизија пред очите на цела јавност

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во октомври

Редакција

Три години затвор за Мијалков, за Тачи три години и два месеци

Редакција