еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три години затвор за Мијалков, за Тачи три години и два месеци

Обвинетите во случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, добија вкупно 19 години и осум месеци казна затвор.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков доби казна затвор од три години, исто толку добија и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, лидерот на ДПА, Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока од четири години и шест месеци му е изречена на Бедредин Ибраими.

На изрекувањето на пресудата, од обвинетите, не присуствуваше само Мендух Тачи.

Јавната обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови, побара осудителни пресуди за сите обвинети во случајот.

Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедредин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.

Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.

Одбраната во завршните зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети, посочувајќи дека обвинителството не изнело докази со кои се потврдува делото за кое се теретат.

Дополнително адвокатите од одбраната имаа забелешки и на веродостојноста на аудио доказите, за кои како што посочија, биле незаконски стекнати. Посочија и дека обвинението е поднесено од неовластено тужителство, односно е по истекот на периодот од 18 месеци, одреден за поднесување обвиненија од СЈО.

Случајот почна во април минатата година, а претставник на државното правобранителство на едно од рочиштата преднајави отштетно побарување во висина од 197.574 денари.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ибраими: Нема да бегам, тука сум роден, тука живеам и тука ќе умрам

Мијалков: Стилот на моето живеење не е бегањето

„Буквално никој не верува дека Сашо Мијалков ќе лежи и ден од тие три години затвор“: Твитер за пресудата за Мијалков

Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими одат во притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес четворица новозаболени од коронавирусот, еден излекуван

Редакција

Заев му се јавил, Пауновски не одговорил на повикот: За Груби и Николовски неприфатливо е непочитување на одлуки на Влада

Редакција

Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“

Редакција