еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Како ќе изгледа: Цановски продолжува со изградбата на „Космос“

ФИНЕ ДОО и Фијат Цаноски од денеска ја започнуваат градбата на комплексот „Космос“.

Изградбата на компексот треба да заврши најдоцна до почетокот 2021 година.

Инвеститорите најавуваат дека тоа ќе биде најелитниот станбен комплекс кој е некогаш изграден во Македонија.

Ивестицијата на комплексот изнесува близу 60 милиони евра.

Сместен покрај реката Вардар, во населбата Ќерамидница, комплексот е предвидено да биде како град во град.

Големата зграда- седумнаесеткатница од комплексот, ќе биде поделена на пет ламели, а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе има и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана.

Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри.

Во долниот дел од големата зграда на „Космос“ ќе има деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат ќе има луксузен ресторан, кој ќе ротира.

Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, а ќе има и детска градинка.

Меѓу двете згради ќе има парк и шеталиште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор

Редакција

Обвинение за Лидија Димова и за уште две лица за злоупотреба на европски пари

Редакција

(Фото) И Живко Мукаетов на листата на 100 најбогати во регионот

Редакција