еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне магла по котлините, попладне со врнежи од дожд и снег

По котлините денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје, времето претпладне ќе биде со појава на магла и ниска облачност, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека од денеска попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Водици нема да се скока по крстот во Охридското Езеро поради Ковид-19

Редакција

(Фото) „Анима мунди“ за убивањето бездомни кучиња во Аеродром: Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело

Редакција

И денеска сончево и многу топло време со мала локална облачност, температура до 40 степени

Редакција