еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претреси имало и кај двајца вработени во Министерството за економија и кај управителот и одговорното лице на дискотеката

Освен во Општината Кочани, претреси за трагедијата во Кочани во која во пожар во т.н. дискотека во Кочани, загинаа најмалку 59 лица, имало и кај двајца вработени во Министерство за економија, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во Општина Кочани за пожарот во т.н. дискотека

При претресот биле одземени техничка опрема, документација, оружје, муниција, а денеска имало претреси и на службени простории кои се користат од државен советник во рамки на Министерство за економија.

Претреси биле извршени и кај управителот и одговорното лице на т.н. дискотека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица

Во Општината Кочани претресот го вршеле полициски службеници од Одделот за крим полиција и организиран криминал, за обезбедување на документација поврзана со т.н. дискотека.

За случајот досега се приведени 18, а се задржани 16 лица.

Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани.

Досега, на 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење на основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица им е одреден притвор за „несовено работење“.

Последното задржано лице се терети за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Складот за гориво во близина на дискотеката во Кочани бил празен, нема поврзаност со сопствениците на „Пулс“

Тошковски разрешил началници во Штип и Кочани

Краткотраен притвор за 16 лица за пожарот во т.н. дискотека во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје вработува 26 лица, плата до 37.625 денари

Редакција

Поскапуваат и цигарите

Редакција

Обвинение за 11 лица за „Двојник“, се истражува вмешаност и на други вработени во МВР

Редакција