Освен во угостителските објекти поврзани со газдата на т.н. дискотека „Пулс“ и кафулето „Класик“, Дејан Јованов-Деко, во Кочани, полицијата извршила претрес и во неговиот дом и неговото возило „инсигниа“.
Тој е во притвор, а вчера на распит беа и неговата ќерка и сопруга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР) во неговиот дом биле пронајдени и биле одземени лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети.
Предмети се одземени и од возилото и од двата угостителски објекти, а била пронајдена и била одземена и финансиска документација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес и во Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница, истрагата се проширува
Од МВР потврдија дека претрес бил извршен и во канцеларијата на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.
Таму бил пронајден и бил одземен еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со угостителските објекти на Јованов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Управителот на т.н. дискотека „Пулс“, Карадакоски бил шанкер, газда бил Јованов, открива КОД
Сопругата и ќерката на газдата на дискотеката „Пулс“ на распит во полициска станица
Сметката на сопственикот на т.н. дискотека во Кочани, фирмата ММММ Кафе, неколку пати била блокирана
Фото: Фејсбук