еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведено е лицето кое го симна знамето на МПЦ од манастирот на Попова Шапка и стави знаме на Албанија

Денеска од Министерството за внатрешни работи информираа дека е приведено лицето кое вчера го симна знамето на храмот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Св.Наум Охридски Чудотворец, на Попова Шапка и стави знаме на Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Симнато знаме на МПЦ од храмот на Попова Шапка и ставено знамето на Албанија

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица.

Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ – Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија.

По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Кривичен, Џолев од понеделник ќе коментирал за пресудата за сообраќајката кај „Млечен“

Редакција

БНР: Граѓаните на Македонија со постојана адреса во Бугарија повторно се на избирачките списоци, но не гласаат

Редакција

Македонски пасош имале и убиените членови на црногорскиот Шкаљарски клан во Атина и нивниот ликвидатор

Редакција