еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пролетно чистење  на домот – Време е домот да диши

Пролетта не е само промена на годишните времиња, туку и симбол на нов почеток. Сончевите денови носат светлина во секој агол од домот и ги разоткриваат сите незабележани наслаги од зимата што едвај чекаат да бидат отстранети.

Пролетното чистење не е обична обврска, туку ритуал на свежина, враќање на редот и создавање простор за нова енергија. Нема поголемо задоволство од мирисот на чист дом, од сјајот на прозорците до чувството на добра хигиена што ја прави секоја просторија удобна и пријатна.

Но, колку и да е убав резултатот, процесот може да биде предизвик. Отстранувањето на тврдокорните дамки, наслагите од бигор и невидливите нечистотии понекогаш изгледа како битка без крај. За среќа, со правилните сојузници, оваа задача станува брза и едноставна.

Токму тука доаѓаат на сцена производите од dm дрогериите наречени Denkmit кои со своите високо ефикасни формули ја претвораат пролетната мисија во лесно и задоволувачко искуство. Без разлика дали станува збор за перење, дезинфекција, освежување или длабинско чистење, резултатот секогаш е ист, а тоа е блескав дом и чувство на чистота.

Denkmit универзалниот спреј за чистење е идеален за сите површини, додека Denkmit Anti Kalk е средство за отстранување бигор и е совршен за бањи и кујни, каде што таложењето на бигор е најизразено. Ако сакате прозорците да заблескаат без траги, Denkmit средството за чистење стакло е вистинскиот избор.

За сите кои сакаат темелно, ефикасно и лесно чистење, dm дрогериите нудат широка палета на решенија што го прават домот не само почист, туку и побезбеден. Алиштата можат да добијат свеж мирис и блескав изглед со Denkmit детергентите и омекнувачите, додека Denkmit спрејот за дезинфекција ќе ви помогне во одржување на хигиената на највисоко ниво.

И кога прозорците конечно ќе заблескаат, полиците ќе бидат избришани од прашина, а воздухот ќе мириса на свежина, тогаш пролетта вистински пристигнала.

Чистењето не мора да биде обврска, туку може да биде вистинско уживање што носи ред. Со секоја капка Denkmit детергент на стаклото, исчезнува и тежината на секојдневието. Ритмичното бришење на површините со Denkmit универзалните крпи, звукот на водата што мие, мирисот на свежина што се шири низ домот а сето тоа создава чувство на леснотија и смиреност како тивка форма на медитација во движење.

Во тој процес, не само што домот станува поуреден, туку и мислите се расчистуваат, како да го ослободуваме мозокот од хаосот на секојдневието. Чистењето станува повеќе од задача, станува можност за нов почеток, за момент на мир, за враќање кон себе во еден свет каде што сè е во движење.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок стабилно време, за викендот заладување и дожд

Редакција

Бранка Костиќ Марковиќ позитивна на корона вирусот: И при голема претпазливост, не знаете вирусот од каде може да се протне

Редакција

Откриена нова наколна населба кај Даљан во Охрид стара 3.000 години

Редакција