еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Реткиот балкански рис забележан во Лешница

Од Националниот парк Шар Планина информираат дека е утврдено присуство на реткото диво животно – балкански рис во месноста Лешница. Од таму го следеле движењето на дивите животни преку поставени видеокамери од почетокот на оваа година.

„Воспоставеното следење на дивите животни со фото-замки од почетокот на годината ни даде одлични првични резултати, но последното видео ни донесе и солзи радосници. Возбудени сме да ја споделиме информацијата дека го потврдивме неговото присуство во срцето на Шар Планина, во Лешница.

Балкански рис (Lynx lynx balcanicus) е предатор и е исклучително ретко диво животно. Тој е еден од избраните клучни видови и е добар индикатор за здравствената состојба на екосистемот,“ се вели во соопштението.

Од таму потенцираат дека локалитетот Лешница е посебен предел поради своите бројни вредности, а потврдата дека е живеалиште на рисот е дополнителен аргумент дека заслужува посебен третман.

„Национален парк без мали хидро-централи, почитување на режимот за движење со моторни возила, без било какви други негативни човекови влијанија и други недозволени активности. Присуството на рисот во срцето на Шара е потврда дека насоките на управување се добро поставени и со ова би сакале да изразиме благодарност до ренџерската служба, стручниот колегиум и до научниот совет на институцијата, до колегите од секторот природа на МЖСПП и до главните поддржувачи во напорите да се заштитат уникатните вредности на Шар Планина, PONT и Global Conservation,“ се додава во соопштението.

Балканскиот рис е национално обележје на Македонија, го има и на монетата од 5 денари, како и на логото на Националниот парк Шар Планина.

Фото: Национален парк Шар Планина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Кажи ми со танц“ во сабота и недела ќе го исполни Капитол со ритам, движења, музика и поезија

Редакција

Полицијата не регистрирала инциденти на протестот против бугарскиот клуб во Охрид

Редакција

Марија Јаничевска е нова директорка на ОТА

Редакција