еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ристовски и Пешов неправедно биле држани во притвор за настаните од 27. април, пресуди Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права во Стразбур утврди повреда на правата при определување на притвор од страна на домашните судови на екс-министерот Спиро Ристовски, обвинет во предметот „Организатори на 27-ми април“ и за притворот на Митко Пешов, исто така осуден за настаните од 27 април.

Оштетата што државава мора да им ја плати изнесува 750 евра, додека за судски трошоци таа изнесува 1.500 евра.

Ристовски немал фер постапка и не била запазена контрадикторноста, бидејќи не му било овозможено да се произнесе за предлозите на Вишото јавно обвинителство за продложување на притворот, односно предлогот зошто треба да се одбие жалбената постапка не бил доставуван до обвинетиот.

На Пешов му било повредено правото на слобода и сигурност затоа што мерката куќен притвор му била заменета со ефективен пртивор без да биде сослушан, ниту да му бидат доставени аргументите на Обвинителството.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците од Албанија гневни на Бугарија, го злоупотребувала здравјето на луѓето за да ги прави Бугари

Редакција

БЕГ склучи рамковна спогодба за набавка на гас со ТЕ-ТО вредна 70,3 милиони евра

Редакција

„Декра Арбеит“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за привремени вработувања вреден 124.000 евра

Редакција