Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се согласува за прекин на огнот во Украина, но постојат нијанси.
„Се согласуваме со предлогот за прекин на борбите. Но, ние тргнуваме од фактот дека овој прекин треба да доведе до долгорочен мир и да ги елиминира основните причини за оваа криза,“ рече Путин за време на прес-конференцијата во Москва со белорускиот лидер Александар Лукашенко.
Путин рече дека во предлогот има неодговорени прашања, како тоа што да се прави со упадот на Украина во руската област Курск.
„Ако имаме прекин на огнот, дали тоа значи дека сите таму ќе си заминат? Дали треба да ги ослободиме украинските војници откако извршија злосторства против населението? Или ќе се предадат?“, праша Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина се согласи со предлогот на САД да прифати 30-дневно примирје со Русија
Фото: Кабинет на Путин