еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Самка Ибраимовски е пријавениот за закани до уставни судии, тој негира дека тоа се закани по живот

Вчера од Уставниот суд информираа дека претседателот на Судот, Дарко Костадиновски пријавил закани по животот и безбедноста на уставни судии во Министерството за внатрешни работи (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на Уставен суд поднел пријава до МВР за закани по живот и безбедноста на судиите

Од МВР експресно информираа дека е откриено лицето кое преку Фејсбук се заканувало на уставен судија и информираа дека станува збор за С.И.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриено лицето кое преку социјална мрежа му се заканувал на уставен судија

Телевизијата Сител објави дека станува збор за поранешниот пратеник и лидерот на партијата ПЦЕР, Самка Ибраимовски, а тој им се заканувал по живот на уставните судии откако дозволија извршителите да продолжат да наплаќаат долгови.

Тој веќе бил повикан да оди во полицијата, но негира дека неговите написи на Фејсбук против уставната судијка Ана Павловска Данева се закани по нејзиниот живот.

„Поранешен пратеник и претседател на помала политичка партија, незадоволен од Одлука донесена од Уставниот суд, преку социјалните мрежи во континуитет објавува закани и навреди кон судиите, при што го има наведен моето име, најавувајќи убиство и слични противзаконите дејствија“, вели Павловска Данева за Сител.

Ибраимовски продолжи со критиките на Фејсбук против одлуката на Судот, а во неговите видеа и написи често се споменува името на Павлоска Данева.

Фото: Ибраимовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европска комисија: Унгарија сѐ уште не потврдила дека одобрила азил за Груевски

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на „Водостопанство“ за набавка на 14 теренски возила и една лимузина

Редакција

Каков имот пријавила Соња Симовска, која е избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство

Редакција