еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Самоопределување“ на Курти не може да дејствува политички во Македонија

Лавина од реакции предизвика информацијата дека партијата на косовскиот премиер, Албин Курти, „Самоопределување“ станала дел од коалицијата „Европски сојуз за промени“, во која се Алтернатива, Беса и Демократското движење и дека ќе учествува на престојните парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иако не е регистрирана во Македонија, партијата на Курти, „Самоопределување„ ќе биде дел од изборните листи

Според македонската законска регулатива во земјава не само партијата на Курти, туку и било која партија регистрирана во друга држава неможе да дејствува полтички.

Според Законот за политички партии е забрането овие партии да се регистрираат и под исто име, а членовите мора да бидат македонски државјани.

Согласно пак Изборниот законик и Законот за пратеници, право да биде избран за пратеник има само државјанин на Македонија.

И македонскиот Устав забранува државјанин на друга држава да се кандидира на избори во земјава и да биде избран за пратеник и да има двојно државјанство.

Поранешниот функционер на ДУИ, Изет Меџити, кој сега е претседател на Демократското движење, по бурните реакции дообјаснува дека претставници на “Самоопределување“ ќе биле на заедничките листи како поединци, не како партија.

“Тие имаат исти убедувања со нас и веќе се дел од коалицијата “Европски сојуз за промени“. Советникот на Албин Курти за Македонија, Беким Ќоку, е стружанец, тој е македонски државјанин и порано бил пратеник во Собранието, така што не го спречува ништо да се најде на кандидатска листа за пратеник“, изјави Меџити.

Фото: Фејсбук/Меџити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладите на 30 и 32 години: Од Ковид-19 починаа 13 лица, пет се вакцинирани

Редакција

„Лето“ во Македонија: Температура до 30 степени

Редакција

(Видео+фото) Најмалку шест жртви, меѓу кои и две деца во невреме на Халкидики

Редакција