еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Самостојна изложба на слики „Нови хоризонти“ на Зоран Арсовски – Бабата во Крива Паланка

Самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата со наслов „Нови хоризонти” ќе биде отворена на 20. јуни со почеток од 19.30 часот во НУ Центар за култура Крива Паланка во рамки на манифестацијата Крива Паланка град на културата за 2024 година.

Проектот е од национален интерес во културата од годишната програма за 2024 година на Министерство за култура.

Ова е негова 16. по ред самостојна изложба со која ќе се претстави пред љубителите на уметноста, овој пат пред македонската публика, откако претходните проекти и изложби тој многу повеќе ги презентираше пред Меѓународната ликовна сцена.

Арсовски е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал во 2005 година на Националната ликовна академија во Софија, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев.

Во 2007 година магистрирал на истата Академија и се стекнал со професионална квалификација  магистер по сликарство.

Има учествувано на повеќе меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство.

Работи во Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев”- Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Сопственик е на уметничка Галерија „Art Gallery Arsovski” – Куманово.

За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

„Не спорејќи го влијанието на општествениот контекст (пандемии, енергетски и економски кризи, војни и уништување на животната средина со неодговорно однесување на човекот), како и просторот и времето во коешто живееме и твориме, размислувајќи притоа за предизвиците пред нас, честопати, се обидуваме да ја видиме подалечната иднина.

Тој мисловен конструкт ни е потребен за да можеме да се подготвиме за настаните коишто доаѓаат и ни е еволуциски впишан во нашата ментална програма за опстанок. Се разбира, повеќе луѓе од разни профили можат да дадат свои видувања во оваа насока,  но се чини дека визуелните уметници можат да дадат најексплицитни проекции,“ вели меѓудругото за изложбата „Нови хоризонти” историчарот на уметноста, Роберт Цветковски.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Во Врање се слушна кога дадоа гол“: Македонските фудбалери главна вест во регионот и во светот

Редакција

Велешкото виногорје домаќин на првиот светски натпревар за сортата вранец

Редакција

Една година Magenta Moments: Најдобрата дигитална програма за подароци, поволности и попусти за корисниците

Редакција