еМагазин
Image default
Балкан

Силен раст на приходите од продажба на Атлантик Група

Атлантик Група во првите девет месеци од 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 798,5 милиони евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 10,6%, информираат од таму.

Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) пораснала за 33,1% на 97,3 милиони евра, додека нето добивката пораснала за 22,3% и изнесува 44,7 милиони евра.

„„Атлантик Група“ во првите девет месеци од 2024 година продолжува со одличите резултати. Како резултат на растот на продажбата во речиси сите деловни и дистрибутивни подрачја, на заштедата на енергија, успеавме да постигнеме силен раст на профитабилноста, и покрај значителниот раст на цената на какаото и сировините, а истовремено со зголемени вложувања во луѓето и маркетинг.

Најголемо негативно влијание на поскапувањето на клучните суровини врз профитабилноста очекуваме во последниот квартал од годината. Во идниот развој и работењето фокусот ќе ни биде на зајакнување на профитабилноста, иновации, профитабилен раст и одржлив развој,“ истакна претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.

Кафе, пијалаци и деликатесни намази го предводат растот

Најголем продажен раст остварил Стратешкото деловно подрачје Кафе (20,3%). Пијалаци и деликатесни намази, и двете подрачја имаа раст од 10,4%. Кафето како најголема поединечна категорија учествува во вкупниот приход со 21,9%, посочуваат од таму.

-Во дистрибуцијата, растот го предводи Стратешката дистрибутивна област Северна Македонија со раст од 12,3%, па следи Србија со раст од 9,2% и потоа Хрватска со раст од 8,8%, а значаен раст е остварен и на клучните западни пазари (Германија, Австрија, Швајцарија).

Во вкупната продажба на Атлантик Група сопствените брендови сочинуваат 63% од вкупната продажба, медицинското работење 8,8%, додека принципал брендовите учествуваат со 28,2% во вкупниот приход од продажба, велат од таму.

Раст на брендовите, дистрибуција и општествена одговорност

-Во првата половина од годината беше завршена аквизицијата на Strauss Adriatica, со што на портфолиото на Атлантик Група се приклучија брендовите Doncafe и C kafa, заедно со современ производен капацитет во Шимановци. Интеграцијата беше спроведена исклучително успешно и од следната година се очекуваат значајни синергиски ефекти, посочуваат од таму.

Од развојот на дистрибуцијата, треба да се истакне автоматизацијата на централниот магацин во Вуковина со напредна 2D шатл технологија, која Атлантик Група ја воведе како една од првите во овој дел од Европа, велат од таму.

-Одржливиот раст, особено во сегментот на намалување на влијанието врз животната средина и декарбонизацијата, останува една од главните стратешки насоки во работењето на Атлантик Група. Компанијата е препознаена како лидер во областа на ESG во Словенија и Србија, освојувајќи награди за транзицијата кон циркуларната економија и образовни програми, и доби сертификат „Equal Pay Champion“, кој им се доделува на компаниите што се посветени на еднаква плата за своите вработени за истата работа, како и еднакви кариерни можности без разлика на пол.

Од корпоративните вести се истакнува дека во рамките на сопственичката трансформација на Fortenova групацијата, Атлантик Група наплати 7,1 милиони евра граничен долг од Agrokor и соодветна камата од 1,5 милиони евра.

Исто така, во јули беше исплатена дивиденда од 1,20 евра по акција, што претставува повеќе од 50% од консолидираната годишна добивка, со што дополнително се потврдува стабилноста и континуираната деловна успешност, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свештеник во Грција фрлил киселина на седум митрополити

Редакција

Ако формираме влада ќе зависиме од други, вели Трифонов по најавата дека и неговата партија ќе го врати мандатот

Редакција

Грција се подготвува за неколкудневно невреме со обилен дожд, град, силен ветер и молњи

Редакција