еМагазин
Image default
Балкан

Србија се затвора најмалку до 22 март

Србија вовeдува нови, поостри мерки во борбата против корона вирусот. Од вечерва на полноќ сѐ ќе биде затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, мерка што важеше изминатиот викенд.

Тоа го изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која додаде дека ова мерка ќе важи најмалку до понеделник, како и дека засега нема да се воведува полициски час.

„Апелирам на максимална дисциплина, на разбирање за состојбата во која се наоѓа здравствениот сектор и работниците, да се обидеме да им помогнеме и да ги заштитиме, ако веќе некои немаат доволно разбирање за себе иза своите семејства“, изјави Брнабиќ, додавајќи дека до понеделник ќе работат само прехранбените продавници, аптеките и бензинските пумпи, она што е неопходно за колку-толку нормален живот.

Државните институции продолжуваат со работа, како и градинките, банките и поштите.

„Мерките се остри, но ќе траат само пет дена, иако кризниот штаб побара да траат две недели. Дали тие ќе бидат продолжени и после следниов понеделник, зависи од сите нас“, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека очекува вакцинацијата против Ковид-19 наскоро да ги покаже резултатите, иако нема да може да се прогласи и победа и апелира граѓаните да се вакцинираат.

„Секојдневно за вакцинација се пријавуваат меѓу 10.000 и 12.000 лица, но имаме и пунктови на кои имунизацијата се спроведува без закажувања“, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека вчера во Србија пристигнале 16.380 вакцини на Фајзер, што не е доволно ни за еден ден. Во понеделник ќе пристигне нов контигент од 60.000 од овие вакцини како и нови „Спутник V“ вакцини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија со две дози вакцинирани 791.000 граѓани

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија целосно се отвора до крајот на мај

Редакција

Ципрас ги потсети Комунистите за неправдата нанесена на Егејците: Оставам на вашата совест дали ќе гласате

Редакција

Во Србија запленети 23 тони шверцувано месо од Бразил

Редакција