еМагазин
Image default
Балкан

Уште еден албански лекар ја загуби битката со Ковид-19

Уште еден лекар во Албанија почина како последица на Ковид-19, што е шестти лекар кој ја изгуби битката со опасниот вирус.

Станува збор за Зулиха Краја (78), познат хирург во пензија од Скадар, еден од основоположниците на современата хирургија во земјата.

Таа по појавата на пандемијата се вратила да им помогне на колегите во Регионалната болница во овој град каде и се заразила. Била хоспитализирана пред неколку недели. Лекарката е сопруга на познатиот драматург Фадил Краја.

Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана. Сите со опасниот врус се заразиле од контакт со пациенти.

Според Министерството за здравство и социјална заштита вчера регистрирани се нови 123 случаи со Ковид-19, или вкупно 9.967, излекувани се 150 односно 5.882 лица, додека починале пет пациенти или 306 од почетокот на пандемијата. Активни на болеста се 3.779 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Жеден орел се симна на автопат во Крит

Редакција

„Ова е последниот танц со короната, сите ќе се заразиме“, предупредува српски доктор

Редакција

Балканот се тресе: Силен земјотрес и во Босна, почувствуван и во Македонија

Редакција