еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силјановска Давкова потврдена за претседателски кандидат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска Давкова е избрана за кандидат за претседател на Македонија на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

Од 448 делегати кои гласале, 444 гласале за кандидатурата на Силјановска Давкова, која најави дека ќе ги собира и потребните 10.000 потписи од граѓаните.

„Идниот претседател, односно претседателка, мора и треба да направи да Уставниот суд во таа уставна група, мора да добие пошироки надлежности, мора уставните судии истакнатоста да ја оправдаат преку конкретизирање. По примерот на Исланд или по примерот на Словенија мора да гарантираме неотуѓивост на природните богатства и на водите.

Мора да има можност за распуштање на Собранието, не само на самораспуштање под определени околности, треба да се отстрани, прагот од 40% во вториот круг, за што четири пати ни кажа Венецијанската комисија, мора да се среди делот за мандатарот за нова Влада, бидејќи имаме проблеми. Областа на локалната самоуправа, воената и вонредната состојба, прецизирање на надлежностите на претседателот, особено помилувањата и така натаму“, посочи Силјановска.

Силјановска Давкова истакна дека во Уставот пишува дека ние нема да се мешаме во внатрешните работи, а нас цело време ни се мешаат соседите.

„Исто така нешто што не постои во ниту еден устав на планетата, а не во европските држави го содржи нашиот устав. Во него пишува дека нема да се мешаме во внатрешните работи на другите држави, а замислете цело време соседите ни се мешаат, вели Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова запраша за тоа кој ја креира сликата на Македонија во меѓународните односи, односно кои се амбасадорите и конзулите?

„Сте се запрашале ли кој ја креира сликата на Македонија надвор во меѓународните односи? Кои се амбасадорите, конзулите? Не се чудам тогаш зошто вака се однесуваат кон нас зошто нивната слика е сликата за нас ама нашата слика не е нивната слика затоа се тие понизни кон меѓународната заедница зошто го зборуваат тоа што тие понекогаш сакаат да го чујат наместо рамноправно да дискутираат и да бараат разбирање“, децидна е Силјановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Каков имот пријавила Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има докази ќе се постапи по барањето за екстрадиција на турските државјани, кои ги бара Турција

Редакција

Твитер реакции за Евровизија

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција