Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска изјави дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба.
Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17.
-Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на настанот во Кочани, дури и ако немаат симптоми да контактираат со своите матични лекари.
Во координација со Клиниката за психијатрија ќе формираме тимови од психијатри и психолози кои ќе бидат на располагање за психолошка поддршка на семејствата и пациентите,“ изјави министерот.
Во однос на пациентите кои се упатени во странство, 51 пациент се веќе испратени надвор од државата, од кои 9 пациенти се во Турција (3 во Истанбул и 6 во Анкара), во Бугарија се 14 пациенти од кои 8 пациенти во Софија, 5 пациенти се во Солун, 17 пациенти во Србија, како и 2 лица во Будимпешта и 4 лица во Романија.
„Очекуваме во текот на денешниот ден уште две лица да бидат упатени во Словенија, 4 лица во Хрватска и 6 лица во Австрија. Во моментот 20 лица се во критична состојба,“ посочи Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца
Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155
Тројца малолетни лица починати, а повредени повеќе од 20 малолетници во пожарот во Кочани
Фото: МЗ