еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова и грчкиот министер Герапетритис не разговарале за името

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова изјави дека не разговарала за името на државата со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, кој вчера на неколку часови беше во Скопје за министерскиот состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Тие на Самитот седеа еден до друг, а во Скопје за Самитот беше и грчката заменик министерката за надворешни работи, Александра Пападопуло, која ја предводеше грчката делегација, позната на македонската јавност како поранешна амбасадорка на Грција во Македонија, која исто така седеше до Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова на прес-конференција рече дека е многу задоволна што Герапетритис дошол на Самитот.

-Оставивме простор, бидејќи му доцнеше летот, да се обрати како последен. Пораките му беа регионално обоени, дека треба да си помагаме, да градиме владеење на правото, да го почитуваме меѓународното право, дека треба да продолжиме таму каде што имаше многу јасни определби на Солунскиот самит. Тоа беа разговорите.

Мислам дека атмосферата беше пријатна, пријателска, беше и заменик министерката за надворешни работи, со која се познаваме. Милам дека луѓето од Балканот кога е потребно умееме да се разбереме.

Многу сум задоволна особено поради целосно усогласената декаларација која беше усвоена“, рече Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постои замор од проширувањето и чекањето за влез во ЕУ, порача Сиљановска Давкова на состанокот на ПСЈИЕ

Османи смета дека не е точно дека Грција не исполнила ништо од Преспанскиот договор

САД и Франција ја повикуваат новата влада во Македонија да ги почитува меѓународните обврски

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Софијанова: Ковид-19 го заспа имунолошкиот систем кај децата, и тоа веројатно е причината за респираторните инфекции во лето

Редакција

(Видео) Протести од историски размери во Белорусија: Лукашенко по 26 години наиде на отпор

Редакција

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк

Редакција