Онаа што јасно можеше да се забележи на вчерашниот „Марш на ангелите“, прв организиран од родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани во Скопје, е што истиот не доби подршка од жителите на главниот град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители, роднини и пријатели на загинатите и повредените сами дојдоа во Скопје и сами си отидоа.
Скопјани не ги пречекаа, не ги прегрнаа и не им дадоа никаква утеха.
Солидарност и ематија, како и за се друго има само виртуелно на социјалните мрежи.
А родителите видно скршени, (какви и може да бидат), дојдоа да бараат правда и подршка.
Што да помислат тие за жителите на Скопје (градот на солидарноста), но и за жителите на другите градови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само за споредба. Неодамна еМагазин присустуваше на протестот во Солун на двегодишнината од несреќата кај Темпи, во која исто така загинаа многу млади луѓе.
Цел Солун беше на улица. Цела Грција беше на улица. Од синдикати до средношколци. Неколку часа ништо не работеше!
Така се дава подршка на својот народ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Обвинителството прими дел од родителите на загинатите во пожарот во Кочани
(Видео) Тошковски прими дел од родителите на загинатите во пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев