Сметката на фирмата ММММ Кафе ДООЕЛ, сопственик на т.н. дискотека/кабаре во Кочани, каде во пожар загинаа 59 лица, а беа повредени 203, била блокирана во неколку наврати, информираа од Управата за јавни приходи (УЈП).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дискотеката „Пулс“ во Кочани била казнета од УЈП и за неиздавање фискални сметки
Тоа се случило во период од крајот на 2022 година кога биле реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на сметката и долгот бил наплатен, по што сметката по автоматизам се деблокирала од банката, посочуваат од УЈП.
-Но, од август 2024 година постапките за извршување на долгови, се се уште активни заради наплата од средства на должникот во банките по повеќе основи (даночни долгови и плати).
Би укажале дека блокирање на сметка, како мерка, согласно законот за даночна постапка, е предвидена во постапка на извршување, односно наплата на долг во постапка на присилна наплата која ја спроведува УЈП.
Во постапка на присилна наплата на долг согласно Законот за даночна постапка не е предвидена мерка затворање на објект.
Блокирањето на сметка како мерка, и привремена забрана за вршење на дејност како мерка, се изрекуваат за различни основи, согласно различни закони и во различни постапки кои ги спроведува УЈП, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Управителот на т.н. дискотека „Пулс“, Карадакоски бил шанкер, газда бил Јованов, открива КОД
На т.н. дискотека/кабаре засега е познато и дека управител и бил Александар Карадакоски, преку фирмата ММММ Кафе и на чие име е издадена фалсификуваната лиценца.
Тој е еден од повредените и се лекува во Литванија.
Но, тој бил управител само на хартија. Вистинскиот газда бил Дејан Јованов – Деко, кој е во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица
Каков имот пријавил Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор