еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Со велосипеди ќе се исцртува голем мустаќ, како симбол за машкото здравје во Градскиот парк  

Машкото здравје е во фокусот на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ во организација на dm дрогерие маркт кој ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје, информираат од таму.

Ентузијастите кои веќе се пријавија ќе возат две велосипедски рути од 100 километри и од 3,5 километри, но сите заинтересирани ќе можат да дадат поддршка за важноста на оваа тема со активноста на статични велосипеди пред Школка.

На овој простор ќе бидат позиционирани статични велосипеди кои секој посетител ќе може да ги вози, а целта е сите заеднички преку вртење на педалите да исцртаме еден голем мустаќ на голем екран и се даде поддршка за оваа кауза.

Водител на севкупната активност ќе биде актерот Игор Ангелов, кој ќе ги мотивира и охрабрите Movember поддржувачите. Секој што ќе учествува ќе добие бројче, а по настанот ќе се одржи и извлекување на кое најсреќните ќе добијат подарок.

Дополнително, сите присутни ќе имаат можност да дегустираат вкусни и органски dmBio закуски подготвени од Симона Коруновскаinstanutricionist. Воедно, ќе има и посебно катче каде секој ќе може да ја среди брадата или мустаќите со искусен бербер!

Од компанијата порачуваат дека без разлика дали пуштате мустаќи или едноставно започнувате разговор, важно е да се вклучите во овој настан за сите заедно да помогнеме да се скрши стигмата околу машкото здравје и да се создаде иднина каде што мажите живеат поздрави и подобри животи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го штити возачот на автобусот во кој загинаа 14 лица бидејќи добивал закани по животот

Редакција

Сексуалното вознемирување на УКИМ присутно, студентите најчесто не знаат каде да го пријават

Редакција

Препораки за пациенти со бубрежни заболувања во услови на пандемија со корона вирусот

Редакција