еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Стабилно време до крајот на неделата, со студени утра и магла по котлините

Утрото во земјава ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје утрото ќе биде студено, а преку денот сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство

Редакција

Мицкоски заклетва ќе даде со уставното име

Редакција

Антикорупциска: Незаконски доделени грантови на трговско друштво, чиј сопственик е вработен во АЕК

Редакција