еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Струјата ќе поскапи за 27%, доколку се прифатат барањата на компаниите

Цената на струјата ќе се зголеми за 27 проценти, ако се прифатат барањата од компаниите, кои учествуваат во одредувањето на цената – МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, информираше денека претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски.

Анализите почнуваат и цената на струјата ќе се знае до крајот на неделата.

„Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок,“ рече Бислимовски.

Во однос на воведувањето на пристап до мрежа, претседателот на РКЕ потенцираше дека тоа нема да биде нов трошок за потрошувачите и дека се ќе биде во рамки на одобрениот приход на компаниите.

“Никој нема да заработува пари од она што како цена ќе го определи РКЕ. Надоместокот ќе значи намалување на цената на мрежарината“, нагласи Бислимовски, апелирајќи да не се подлегнува на шпекулации.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брендот Shell пристигна во Македонија, отворени две бензиски станици

Редакција

Убава вест: Оздравени 193 болни од Ковид-19

Редакција

Македонските граѓани повеќе не мора да се откажат од матичното за да добијат германско државјанство

Редакција