еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Штрајкот заврши, вработените во „Комунална хигиена“ се враќаат на работа

Втората смена на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ денеска ќе започне со работа, изјави денеска претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски.

Како што информираше Кашиковски за МИА, одлуката е во интерес на граѓаните, а со оглед на најавите за високи температури.

– Одлуката e во интерес на граѓаните и со оглед на најавите за високите температури, вработените во Комунална хигиена ќе почнат со работа. Веќе денеска втора смена ќе излезе на терен, а ние институционално ќе си ја тераме работата.

Не треба поради нечија одговорност граѓаните да трпат, рече тој по средбата на претставниците од СУТКОЗ, синдикатот во кој спаѓаат и вработените во “Комунална хигиена“ со претставници од Извршниот одбор на комуналното претпријатие.

Вработените во „Комунална хигиена“ деновиве протестираа пред претпријатието барајќи поголема плата и враќање на отпуштените работници, а поради нивниот протест Град Скопје деновиве остана затрупан во ѓубре преполни контејнери. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Провинцијалците платија да се исчисти метрополското ѓубре„: Твитер реакции за ѓубрето во кое се „дави„ Скопје

(Видео) Од една фамилија во „Комунална хигиена“ биле вработени над 40, а од друга над 30 лица, откри Арсовска

МИА/Фото: Комунална хигиена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ја одби жалбата на Јово Вангеловски за неговото разрешување

Редакција

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

Редакција

Данска потврди: Македонија ги исполнува копенхашките критериуми за старт на преговорите со ЕУ

Редакција