еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во затворската казна на Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор, велат од Кривичен

Во пресудата врз основа на признание на вина на обвинетиот Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, како и во решението од Апелација со кое се потврдува првостепената пресуда и во наредбата за спровод во досудената казна затвор се засметува и времето поминато во притвор и во куќен притвор за конкретниот предмет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Во донесената пресуда врз основа на признание на вина со КОК. бр. 7/18, како и во решение на Апелациониот суд – Скопје со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции е наведено дека во досудената казна затвор се засметува времето поминато во притвор односно од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година, како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор на 06.07.2023 година, односно околу една година и девет месеци.

Што значи дека во пресудата веќе е пресметан притворот и куќниот притвор за конкретниот предмет, а согласно и со Коментарот на Кривичниот законик на академик Владо Камбовски (стр. 485 и 486): Поимот на секое лишување од слобода го опфаќа и притворот, како и казната или мерката на безбедност што се состои во лишување од слобода за истото дело, издржана во странство….(чл. 121)…. ….Во сите случаи е потребно притворот и издржаната казна или мерка за безбедност да се во врска со казненото дело за кое на сторителот му е изречена казнасе вели во соопштението од Кривичен суд.

Што се однесува до барањето за вонредно преиспитување на пресудата, истото, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, по истекот на сите законски утврдени рокови за достава на пресудата до останатите обвинети за кои Второстепениот суд ја потврди пресудата донесена врз основа на признание на вина, ќе биде комплетиран и доставен во Врховниот суд, како надлежен суд за одлучување по барањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Миле Јанакиески под седативи спроведен во затворот „Идризово“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Убави луѓе на отворањето на продавницата на германскиот бренд „КАРЕ“, кој за прв пат е кај нас

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

(Фото) Груевски фотографиран како вади пари од банкомат во Унгарија

Редакција