еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судијата Георгиев го пријавил синот на Стојчев и е фатен на дело, за Мемети нема доволно докази: Детали од Обвинителството

Од Јавното обвинителство ги потврдија информациите објавени во медиумите, дека уапсениот врховен судија за мито, Наке Георгиев, го пријавил синот на поранешниот градоначалник на Општина Ново Село, Боро Стојчев, кој е осуден за шверц со марихуана и дека судијата е фатен на дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Наке Георгиев остана без имунитет, може да оди во притвор и е одалечен од работното место

Претресена канцеларијата на судијата Наке Георгиев во Врховниот суд

За Георгиев, кој остана без имунитет, Обвинителството бара притвор.

За членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, кој исто така се сомничи за овој случај, од Обвинителството велат дека нема доволно докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес и кај Иџет Мемети за случајот со Наке Георгиев

-По претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија.

Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик.

Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.

Предметниот обвинител, вчера вечер покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот.

Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет на РСМ кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка.

Прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување.

Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен врховниот судија Наке Георгиев

Каков имот пријавил Наке Георгиев, кој заради синот поднесе оставка од Судскиот совет

Кој е Наке Георгиев, кој поднесе оставка од Судскиот совет, за да неговиот син стане судија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мотиви“ го доби тендерот на владината СОЗР за привремени вработувања вреден 71.000 евра

Редакција

„Ќе му ја отсечам главата на секој, кој сака да го наруши мирот и спокојството во земјата“, изјави белорускиот претседател Лукашенко

Редакција

Штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“ направија вонсудска спогодба да се откочи изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Редакција