еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Можно е продолжување на вонредната состојба за уште еден месец

Претседателот Стево Пендаровски смета дека ќе се прогласат нови 30 денови вонредна состојба, имајќи ги предвид состојбите до денес. Сепак одлуката ќе се донесе во четврток на состанок на Советот за безбедност кога изминуваат првите 30 денови од прогласувањето на вонредната состојба.

„Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но не се значително редуцирани, се уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни иснтитуции и ваков тип на состојба.

Првпат вонредна состојба прогласивме во 30 години независна држава меѓутоа првпат и во светот се случуваат некои работи поврзани со пандемија на вирусот. Така, ако денес ги имам тие информации што се од надлежните институции, ако денес ме прашувате за одлука таа ќе биде во насока да се прогласат нови 30 денови, истакна претседателот Стево Пендаровски од Тетово.

Тој ги посети армиските единици во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, како и локалниот кризен штаб во општина Тетово.

-Главна работа е како да направиме подобра синхронизација меѓу локалната самоуправа и Армијата чии припадници се вклучени во посебни задачи во услови на кризна состојба како во Дебар и Центар Жупа каде деескализира сосотојбата.

Припадниците на Армијата кои беа на влезовите се повлечени на други локации. Освен тоа учествуваат во поддршка на МВР во дистрибуција на храна и лекови до загрозени, специјални единици во дезинфекција со оглед на ресурсите кои ги имаат дадени на општинските власти, истакна Пендаровски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 242 лица од заразените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија

Кај 76,4% од починатите од коронавирусот во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби

121 здравствени работници заразени со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Демонстрати влегоа во дворот на Владата

Редакција

Предлогот за уставни измени не треба да се поддржи, не смее патот за Брисел да води преку Софија, кажа во Собрание Силјановска Давкова

Редакција

Што пишуваат светските агенции: Договорот од Преспа е се уште актуелен и покрај неуспехот од референдумот

Редакција