Првообвинетиот за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо на денешното судење кажа дека таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски е наместен од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И јас загинав на 27. ноември, од мене не остана човек, кажа таткото на Вања на денешното судење
– Барав во рок од 30 дена да ми ги дадат доказите, не добив никаков одговор. Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него.
Јас не го познавам Александар. Јас бев киднапиран првите седум дена. Ме донесоа на 15. мај во затворот во Скопје, но седум дена не добив никаков акт. После ме донесоа во судот со медиуми, со „калашникови“, шест дена ме држеа без соодветни документи за притворот, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело.
Ова е политичко монтирано судење.
Регуларно заминав за да направам магнетна резонанца на мојата кичма која 70 отсто не е во функција. Не сум бегал, легално ја поминав границата. Во тој момент не бев ни осомнилен. На 20. мај мојата ДНК е внесена во системот… Повеќе од 100 ДНК траги од овој настан се ставени како докази. Мене на 17. мај ми зедоа брис за ДНК, рече тој и подвлече дека и во Јавното обвинителство знаат дека немал контакти со Ѓорчевски.
– Сето ова е според лажен исказ на еден од обвинетите кој сака да избегне доживотен затвор. Едвај најдов адвокат. Сите видеа и слики по порталите излегоа од Обвинителството и оттаму погрешно ги брифираа сите медиуми.
Тогаш Обвинителството не се секираше за душевната состојба на мајката на Вања. Само лупаа по медиуми, овој на камери личи на Палчо…
Вештачењето докажа дека јас и Александар немаме комуникации. Затоа и побараа исклучување на јавноста. Ова е обвинителско насилие со укинување на сите мои права. Судијата на претходна постапка беше во улога на поштар, не ги штитеше моите права и не ми помогна да составам одбрана, рече меѓудругото Палевски.
Според него, мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска имала орочени 30.000 евра, а дека дупката во која била закопана Вања била ископана претходно, што значи дека не била грабната Вања за да се бара откуп, туку за да биде убиена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никој од обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче не се чуствува виновен
Мајката и сестрата на Вања побраа јавноста да биде исклучена од судењето, Судот одби
Фото: Фејсбук/Палевски