еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тошковски разрешил началници во Штип и Кочани

По несреќата во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа 59 лица, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска донел одлуки за разрешување на пет началници, и по еден помошник-началник и командир во Секторот за внатрешни работи (СВР) во Штип и во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани.

Разрешени се началник на СВР Штип, помошник-началник на СВР Штип, началник на ОВР Штип, началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип, началник на ОВР Кочани, командир на Полициската станица од општа надлежност Кочани и началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Тие, како што изјави денеска министерот, ќе бидат заменети со полициски службеници кои не се од овие места, односно се од Скопје.

Ваквата одлука, како што рече, не прејудицира никаква вина за нив, туку е чекор кој треба да гарантира дека процесот ќе се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Краткотраен притвор за 16 лица за пожарот во т.н. дискотека во Кочани

Откриен склад со гориво во близина на дискотеката во Кочани

Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

33,8% од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре во посета на Македонија

Редакција