еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тројцата српски државјани сакале да си останат во завеаното битолско село Гопеш, одбиле да се вратат во градот

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираше за проодноста на патните правци по обилните врнежи од снег.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола, известува дека патниот правец за селото Гопеш кој после обилните врнежи од снег не беше прооден, од вчера од 15 часот е исчистен со камион од ЈКП Нискоградба-Битола.

Тројцата српски државјани кои таму биле појдени на викенд, одбиле да се вратат во Битола. Истите изјавиле дека имаат храна и огрев и дека очекуваат патот да биде посипан со сол и ризла за да можат да дојдат до Битола со своето возило.

Директорот на ЈКП Нискоградба-Битола изјави дека технички е неизводливо да се изврши опесочување на патот за селото Гопеш.(Општина Битола).

РЦУК – Битола, известува дека патниот правец кон Големо Илино е расчистен во соработка на ЈП Македонија Пат со ЈКП Комуналец Демир Хисар (Општина.Демир Хисар).

РЦУК – Битола, известува дека по пријава од Е-112 за непрооден пат, исконтактирано е со пријавителот од Големо Радобил во кое живеат 70 – 80 жители. Патот е прооден само со теренско возило и за овај настан е известена Општина Прилеп.

Во врска со настанот пријавен преку Е-112 дека патот за село Бонче не е исчистен контактирано е со надлежните од ЕЛС од каде кажано дека во текот на денешниот ден ќе направат напор истиот да биди исчистен.

РЦУК – Штип, известува дека во врска со настан на ден 13.01.2025 година каде жител на село Полаки – Кочанско бараше евакуација, од страна на градоначалникот на Општина Кочани стапено е во контакт и е понудена помош за евакуација или достава на храна. Последни информации од ТППЕ Кочани се дека лицето по сопствена желба е во селото Полаки.

РЦУК – Тетово, известува дека дека сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива во зимски услови освен локалните патни правци во селата: Нистрово, Волковија, Сенце, Бибај, Дуф и Маврово (Општина Маврово-Ростуше), кои не се исчистени поради недоразбирање меѓу општината и лицето што го добило тендерот за одржување.

РЦУК – Тетово, известува дека по дојавата за неисчистен пат кај православните гробишта во селото Леуново, стапено во контакт со одговорниот на Македонија пат пункт Маврово, кој известил дека денес ќе стигне нова машина и со неа ќе се дочисти неисчистениот патен правец, бидејќи машината со која чистеле се расипала. Патот моментално е прооден во зимски услови, па поради тоа денес ќе се врши дочистување.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукање по расправија меѓу две групи во Кочани: Повредено едно лице

Редакција

Убава вест: 7 оздравени од Ковид-19

Редакција

Несекојдневен случај: Германка во Свети Николе со 14-годишниот син сакале да ограбат менувачница

Редакција