еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бил Гејтс: Теориите на заговор за вакцината за корона вирусот се бизарни

Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс се огласи со реакција по повод теориите на заговор што го обвинуваат за разни злодела и мрачни намери во врска со корона вирусот, при што кажа дека тие приказни не ни можат да се демантираат затоа што се „глупави и чудни“.

„Тешко е да се негираат такви работи затоа што тие се толку глупави или чудни. Колку повеќе луѓето ги повторуваат, толку повеќе веруваат во нив“, рече Гејтс за време на телефонско интервју за њујоршкиот портал „Бизнис инсајдер“.

Тој најави донација од 1,6 милијарда американски долари од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за глобалното истражување на вакцината против коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата, Гејтс е предмет на заговори кои го поврзуваат со корона вирусот.

Анкета на „Јаху њуз“ покажа дека 28 проценти од возрасните Американци веруваат во теориите на заговор, со кои се сугерира дека Гејтс планирал да ја употреби вакцината за Ковид-19 за масовна имплантација на микрочипови, што би служеле за контрола и следење на милијарди луѓе.

„Тоа е толку бизарно што ќе посакате да мислите дека е шега, но всушност ваквите приказни не се шега“, рече Гејтс, пренесен од „Бизнис Инсајдер“.

МИА/Фото: Techspot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија поради корона вирусот ги пломбира границите со соседите: Затвори 44 гранични премини

Редакција

Кои видови и подвидови на Ковид-19 се присутни во Македонија

Редакција

Нема гаранции дека ова ќе биде последната промена на Уставот, вели Мицкоски за Политика

Редакција