еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТТК Банка лани со зголемена добивка

ТТК Банка лани имала позитивен финансиски резултат од 108,3 милиони денари, што претставува пораст од 2,9% во споредба со истиот период претходната година, информираше Банката преку Македонската берза.

Зголемувањето на добивката е резултат на зголемените оперативни приходи од 3,6%, при што истовремено беа контролиран и расходите, кои пораснаа за 8%, велат од таму.

-Дополнително, исправките на вредноста на финансиските средства на нетооснова достигнаа 37,4 милиони денари, што ја потврдува финансиската стабилност на Банката и нејзината подготвеност да се справи со динамичните пазарни услови.

Во 2024 година, билансната сума на Банката достигна ниво од 11.015 милиони денари, што претставува значителен раст од 9,1% во споредба со претходната година. Планот е остварен со 105,5%.

Заклучно со 31.12.2024 година, евидентиран е пораст на кредитите и побарувања од други комитенти за 9,9% во однос на 31.12.2023 година.

Порастот во најголем дел произлегува од зголемувањето на кредитирањето на физички лица за 13,1%, преку зголемени пласмани на потрошувачки и на станбените кредити. Планот за овој период е исполнет со 104,0%.

Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2024 до 31.12.2024 година изнесуваат 344,9 милиони денари и во однос на планот се остварени со 101,4%. Во однос на истиот период минатата година, зголемени се за 37,4 милиони денари или 12,2%.

Порастот, во најголем дел, се должи на зголемените каматни приходи од секторот Банки и Финансиски институции, како резултат на повисоките каматни стапки поставени од монетарната политика на Централната банка при остварен раст и на приходите од камати од секторите стопанство и домаќинства.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 166,9 милиони денари. Најголемо учество во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење.

Приходите од провизија бележат годишен раст од 2,5%. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во однос на планот за овој период се остварени со 84,8%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 15,7 милиони денари и бележат годишен раст од 1,1% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 96,8%, велат од таму.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 26,1 милиони денари и се пониски за 53,9% во однос на минатата година, како резултат, во најголем дел, од понискиот износ на приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства во тековната година, посочуваат од таму.

Во однос на планот се остварени со 48,5%.

-Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 417,6 милиони денари и се за 8% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат на зголемените трошоци за плати и вработени, што ја одразува стратегијата на Банката за континуирано инвестирање во човечките ресурси и задржување на квалификуваниот персонал, како и на повисоките трошоци за амортизација, кои се резултат на инвестиции во инфраструктурата и технологијата. Во однос на планот се остварени со 99,6%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 37,4 милиони денари и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во споредба со истиот период од претходната година, овој износ е на пониско ниво за 10 милиони денари, што претставува намалување од 21,3%, што е резултат на засилените активности на Банката во наплатата на кредитните пласмани.

Во текот на 2024 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 1,1 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драгољуб Арсовски реизбран за член на УО и генерален извршен директор на ТТК Банка

ТТК Банка доби нов Надзорен одбор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Видете Рашко да не има веќе наплатено патент за софтвер за ненаплаќање на Срби„: Твитер реакции за бесплатната патарина

Редакција

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ од Ковачевски

Редакција

(ВИДЕО) Ја загуби битката со ракот: Почина пејачката на Роксет

Редакција