Турската компанија Џагатај Кабло која подолго време работи во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 ќе го проширува своето производство со изградба на нов објект од околу 10.000 метри квадрати.
Инвестицијата е 6 милиони евра, а се очекуваат 200 нови вработувања, информираа од Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони.
Новата фабрика ќе биде двојно поголема од постоечката.
Џагатај Кабло произведува жици и кабли за автомобилската индустрија.
Компанијата ги снабдува водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.
Фото: Дирекција на технолошко индустриските развојни зони
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.