еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уапсени поранешните министри Ваљон Сарачини и Беким Незири, актуелниот министер Салиу, поранешни и сегашни директори на ДЗС, за пожарот во Кочани

Поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, се меѓу уапсените во рамки на истрагата за пожарот во т.н дискотека/кабаре во Кочани, објави 360 степени.

Истрагата се проширува за 23 нови осомничени, а 19 од нив се приведени или се приведуваат.

Меѓу нив е и Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија како кадар на ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка.

Имено, сите што биле министри за економија и директори на ДЗС од 2012 година па наваму, вклучително и актуелниот директор на ДЗС, се уапсени, освен актуелниот министер за економија, Бесар Дурмиши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За тројца од осомничените за пожарот во Кочани се бара куќен притвор

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еден ден ќе се вратам“, порача Груевски

Редакција

(Фото) Кастриот Реџепи, Стојанче Ангелов, Бислимовски, Груевски… прошетаа на Вевчанскиот карневал, се протестираше и за Ѓоковиќ

Редакција

Премиерот Зоран Заев во 12 часот ќе им се обрати на македонските граѓани

Редакција