еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Уверение за државјанство ќе се издава електронски во секое време

Уверение за државјанство ќе се издава електронски преку националниот портал за е-услуги, uslugi.gov.mk.

“Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време.

Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот.

Дигитализација на услугите и процесите во Министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како Министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат.

Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата.“, изјави министерот Панче Тошковски.

Националниот портал uglugi.gov.mk, кој минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од Mинистерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.

Тошковски потенцираше дека Министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова кампања на Parfois за eсен/зима’ 18/19: Икона

Редакција

Повеќе не Ви треба сертификат за влез во трговски центри

Редакција

(Видео) СДСМ со ВМРО-методи: Полноќно сечење на зеленилото во Аеродром

Редакција