еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Утре ќе се одржи најголемото 7. издание на Конференцијата за е-трговија со повеќе од 700 домашни и странски гости

Седмото издание на Конференцијата за е-трговија ќе се одржи утре, во Националната опера и балет во Скопје, под мотото „E-commerce: Untangling Potential”.

Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови ТикТок, Опен АИ (креаторот на Чет ЏПТ), Кларна, Заландо, Виза, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената висококвалитетна програма кои преку предавања, панел дискусии и разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, вештачката интелигенција, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

И оваа година конференцијата има регионален карактер и е најголема досега – на истата ќе присуствуваат повеќе од 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини и невладини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Грција и Бугарија што ја прави уникатна и единствена во регионот.

Како дел од програмата ексклузивно ќе се презентираат клучните сознанија од анализата со наслов „Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година”, ќе се зборува и за предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, можностите за е-плаќање, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, и секако маркетингот и вештачката интелегенција во е трговијата

Минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на преку 600 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.

Дека македонските компании се заинтересирани за унапредување на познавањата од областа на е-трговијата, говори фактот дека сите влезници за овогодишното издание беа целосно распродадени една недела пред почетокот на конференцијата.

Конференцијата е поддржана од платинум партнерот Visa, организацискиот партнер GIZ, дигиталниот партнер А1 Македонија, како и златните партнери – Ананас, CaSys и НЛБ Банка, сребрените партнери – Халк Банка, Корпа, Филип Морис Интернационал, Комерцијална Банка, ИУТЕ, Сава Пензиско, Fashion Group и Cubes.rs.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Колку заразени од корона вирусот има по македонските болници?

Редакција

Нов скок на цената на нафтата: 111,09 долари за барел, највисоко ниво во повеќе од седум години

Редакција

Оне.Вип го доби тендерот на Здравствен дом Скопје за фиксна телефонија вреден 134.000 евра

Редакција