За убиството на матичниот доктор Ацо Трпковски во скопска Железара е приведено уште едно лице, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Вкупно во врска со убиството досега се приведени три лица, од кои двете претходно приведени се уште се на распит во полициска станица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата синоќа изврши и претрес на локација во скопска Автокоманда.
Според досегашната истрага, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот доктор.
Тој беше пронајден мртов пред неколку дена во неговото возило „киа рио“ со девет убодни рани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиениот доктор во скопска Железара има повеќе убодни рани: Детали од Обвинителството
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.