еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Филмот „Македонска крвава свадба“ дигитално ќе се реставрира, како и 25 анимирани филмови

Н.У. Кинотека во 2025 година влегува со буџет од 7,5 милиони денари со кои ќе реализираат програмски активности од областа на заштитата на аудиовизуелните добра, проекти од меѓународна дејност и евроинтеграции, како и од издавачка дејност, информираат од таму.

Буџетот на единствената институција во државава што се грижи за националното аудиовизуелно наследство е зголемен за повеќе од 1,5 милиони денари во однос на минатата година.

„Најголемиот дел од вкупната сума, односно 6,5 милиони денари, ќе бидат потрошени на тековни и нови проекти во областа на заштитата, како што се прибирање филмови и филмски материјали, документација и музејски ескпонати, обработка и каталогизација на прибрана граѓа, но и на годишната филмска програма во Кинотеката, преку која се обезбедуваат проекци на актуелни и култни филмски остварувања во една од најпосетените киносали во државата.

Годинава ќе се работи и на дигитална реставрација на уште едно класично дело од македонската кинематографија – играниот филм „Македонска крвава свадба“ (1967) на режисерот Трајче Попов, како и на дигитална реставрација на 25 анимирани филмови од македонската школа на анимиран филм, школа која беше активна во ’70-те и ’80-те години на 20. век (Д. Марковиќ, Б.Пејчинов, Д. Михајловски, итн.).

Играниот филм Мис Стон (1958) на режисерот Ж. Митровиќ што минатата година беше дигитално реставриран, а оваа 2025 година ќе го добие и своето блу-реј издание.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Спортистите Наковска-Бикова, Јовановски, Трстена и Георгиевски одликувани со Орден „8 Септември“

Редакција

Кој е Тимчо Муцунски, кандидат за министер за надворешни работи

Редакција

Словенија од денеска ги укинува речиси сите антиковид мерки, освен носењето маски во затворени простории

Редакција