Од Основното јавно обвинителство денеска информираа дека се уапсени уште четири лица, осомничени за терористичко организирање, а нивното апсење е резултат на кординирана акција на македонските институции која ја започнаа во декмври лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени четири лица во Струга и во Гостивар за можен тероризам во Македонија и на Балканот
-На пет локации во Скопје и Гостивар извршени се претреси на дом и други простории при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења, а од слобода се лишени четири лица.
Акцијата е резултат на преземените дејствија на Лабораторијата за дигитална форензика при Основното јавно обвинителсво за гонење на организиран криминал и корупција, каде се откриени повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм во кои осомничените споделувале претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови.
Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичка организација“.
Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема сите осомничени.
Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсените лица за тероризам планирале напади на јавни објекти: Детали од МВР